еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Премиерот Ковачевски објави фотографија со сопругата и Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Сакам да упатам голема благодарност до Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј што направи големо дело, покажа голема грижа за еден голем православен народ и Вселенската Патријаршија со овој чин потврди дека стојат на историската мисија и одговорност, пишува премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук-профил.

„Иако со овој чин конечниот статус и име сѐ уште не се решени, најважниот и најголем чекор е завршен. Сега нашата православна црква е во заедница со сите православни цркви, и овој ден е историски ден после 7 децении тотална изолација.

Со одлуката на Вселенската Патријаршија ние влегуваме во православното семејство на сите помесни цркви. И оваа одлука на Вселенската Патријаршија што нè признава под име Охридска Архиепископија значи признавање на континуитетот што го има нашата историска црква со древната Охридска Архиепископија,“ пишува Ковачевски.

Тој денеска испратил и писмо до Вселенскиот патријарх.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто одлуката на Вселенската патријаршија за МПЦ-ОА е важна за македонската државност, објаснува проф. Зајковски

Фото: Влада/Фејсбук/Ковачевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска студено и ветровито, на Попова Шапка измерени -17 степени

Редакција

Кунгуловски: Заболувањето со Ковид-19 носи за 5 пати поголем ризик за тромбоза, отколку било која вакцина

Редакција

Рибарењето можен начин за зараза кај третиот случај на конго кримска хеморагична треска

Редакција