еМагазин
Image default
Македонија

Заев се прости со амбасадорот на САД, Џес Бејли и му подари фотографија со посвета

Премиерот Зоран Заев го прими во проштална посета амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли, информираат од Владата.

Заев на средбата ја изразил неговата лична, благодарноста на Владата на РСМ и на граѓаните на нашата земја за активниот придонес на амбасадорот Бејли за време на неговиот мандат, во еден исклучително значаен период кога поддршката на САД, како стратешки партнер на Република Северна Македонија, била од огромна важност во процесите за нашето членство во ЕУ и НАТО, велат од Владата.

Амбасадорот Бејли, од своја страна, истакнал дека му е особено драго што за време на неговиот мандат, со решавање на спорот со Грција и со Договорот од Преспа, Република Северна Македонија направила историски исчекор за кој беше неопходно покажаното лидерство на челните луѓе на владите на двете земји, што САД и претседателот Трамп, го оценија како значаен придонес за постабилна и попросперитетна иднина на двете земји и за целиот регион, велат од Владата.

На оваа проштална средба, Заев, на амбасадорот Бејли му подарил фотографија со посвета од една од нивните бројни меѓусебни средби во знак на сеќавање за извонредната соработка.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Љупчо Коцевски избран за нов државен јавен обвинител

Редакција

21 илјада дози вакцини од Фајзер на крајот на март, најави Заев

Редакција

Русија бара преименувањето на Република Македонија да го разгледа Советот за безбедност на ОН

Редакција