еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Препораки до граѓаните на што да внимаваат: Утре пониски температури од жолта фаза во целата држава

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на утрешниот ден, 16 февруари (вторник) целата територија на државата ќе биде зафатена со пониски температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.

„На целото население се препорачува да се посвети внимание на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста консумација топли напитоци, избегнување алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Воедно, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сомнителните повици на мобилен потекнувале од Литванија, Естонија и „Глобал Стар“

Редакција

Пановски: Да беше омикрон смртоносен како делта, на овие заразени ќе имавме и до 70 смртни случаи дневно

Редакција

Почина писателот и академик Радован Павловски

Редакција