Не постои лице на кое не му е важно дали има идеална телесна тежина. Разликата е единствено во тоа што некои внимаваат повеќе, а некои помалку, но сепак, желбата за вита линија е присутна кај секого.
Вежбите и здравата и балансирана исхрана се само дел од активностите што ги применуваме за да не бидеме вечен роб на вагата, но важно е да знаеме дека бројот на килограми не е секогаш најдобриот показател за нашата телесна и здравствена состојба. Тогаш, кој е оној параметар што ни укажува дали нашето тело е или не е во добра состојба?
Индексот на телесна маса или Body Mass Index (BMI) е алатка што ни го покажува односот помеѓу тежината и висината на нашето тело, секако, земајќи ги предвид и нашата возраст и полот. Се пресметува едноставно, со помош на калкулатор, кој дава одреден индекс што е показател за тоа дали телесната тежина е соодветна во однос на другите параметри.
Индексот што се добива може да варира од 20 или помалку, па сѐ до 45 или повеќе, а овие бројки всушност се однесуваат на различните категории телесна тежина, односно дали сте во границите на нормалата, дали сте на граница со некоја друга категорија или, пак, се приближувате кон прекумерна или кон намалена телесна тежина.
Намалената телесна тежина е еднакво нездрава за човековиот организам како и зголемената телесна тежина, кај жените таа е под 19, а кај мажите под 20 BMI-вредности. Кај оваа група се советува консумирање помрсна и калорична храна, но и редовно спортување за зголемување на мускулната маса и со тоа нормализирање на индексот на телесна тежина.
Нормалната тежина е она кон што сите треба да целиме и која е оптимална за секого од нас и, зависно од возраста, кај жените таа е помеѓу 19 и 24 BMI, а кај мажите помеѓу 20 и 25 BMI. Балансираната исхрана и физичката активност ќе ви помогнат да ја одржите својата идеална тежина.
Зголемената телесна тежина се дели во три категории: телесна тежина над нормалата (кога BMI кај жените е помеѓу 24 и 30, а кај мажите 25 и 30), дебелина (кога BMI кај жените и мажите е помеѓу 30 и 40) и значително зголемена дебелина (кога BMI и кај жените и кај мажите е над 40).
Доколку имате благо зголемена телесна тежина, тоа не мора да значи дека не живеете здрав живот и дека не сте во форма. Професионалните спортисти, жените и мажите со голема мускулна маса може да влезат во оваа категорија, а во најголемиот број случаи тие се поздрави од повеќето луѓе. Доколку, пак, вредностите се далеку над или под просекот, неопходна е консултација со лекар заради целосна контрола на вашето здравје, крвниот притисок и крвната слика. Зголемената телесна тежина често е основа за други посериозни заболувања на крвните садови и на срцето.
Сепак, со редовна примена на соодветни вежби и балансиран начин на исхрана, ќе бидете сигурни дека вашиот индекс на телесна маса е добар, што, пак, гарантира дека и вашето тело и организмот се во добра здравствена состојба и нема потреба да се придржувате до строги диети и напорни вежби.
Доколку сакате да го проверите вашиот BMI, тоа едноставно може да го направите на овој калкулатор, со кој освен што ќе го дознаете вашиот индекс, ќе добиете и целосно приспособен резултат согласно висината, тежината, полот и датумот на раѓање, а на истата веб-страница ќе добиете и многу корисни совети за одржување на вашата добросостојба.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА