еМагазин
Image default
Македонија

Пресудата за случајот „Рускоска против ВМРО-ДПМНЕ“ на 13 октомври

Граѓанскиот суд Скопје на 13 октомври ќе објави дали во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ, против обвинителката Вилма Рускоска, имало клевета или критичка мисла. Адвокатите на странките со спротивставени ставови во однос на тоа дали изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ, биле за нарушување на угледот на обвинителката Рускоска, или пак тоа спаѓа во категоријата на слобода на говор.

Во спотовите нарачени од коалицијата „За обнова на Македонија“ нема никаква јавна критика за работата на обвинителката Вилма Рускоска, ниту пак на нејзиното постапување, рече денеска адвокатот Панче Ефтимов, полномошник на обвинителката Вилма Рускоска, по завршување на рочиштето за случајот Рускоска против ВМРО-ДПМНЕ.

„Факт е дека е дозволена критика на активните чинители во изборниот процес што обвинителката Вилма Русковска не е, ниту е лице кое е избрано од Собранието ниту учествувала во изборниот процес.

Вилма Рускоска е избрана од стручно тело кое пак е избрано од јавните обвинители на Република Северна Македонија, така што одбраната на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „За обнова на Македонија“, Игор Јанушев и Христијан Мицкоски дека е тоа критика на работата на јавниот функционер не е оправдана, ниту основана,“ наведе адвокатот Ефтимов.

Тој додаде дека висината на штетата е целосно небитна во овој случај.

„Во овој конкретен случај е битно партиските претставници да ги зауздаат своите јуришници и конечно стручните лица кои посветиле цела кариера за извршување на определена дејност да не бидат обезвреднувани без никаков доказ,“ рече Ефтимов.

Адвокатот пак на тужената страна, Панче Душковски, пред новинарите истакна дека се надева дека одлуката што ќе биде донесена од Судот,  ќе биде во целост согласно праксата на Судот во Стразбур.

„Суштината на овој предмет не е дали ВМРО-ДПМНЕ или која било друга политичка партија ќе плати штета по наводна клевета сторена. Суштината на овој предмет е дали ќе имаме критичка мисла и слобода на говор во Република Македонија согласно етички стандарди или ќе имаме фиктивна демократија. Тоа е суштината на овој предмет. Овде говориме за слобода на мисла и слобода на говор,“ изјави адвокатот Душковски.

Отштетното побарување кое го побарува обвинителката Вилма Рускоска од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за надомест на нематеријална штета изнесува 615 илјади денари.

Пресудата за овој предмет е закажани да се објави на 13 октомври.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР формираше Кризен штаб и отвори телефонски број на кој засегнатите граѓани ќе може да се информираат за несреќата

Редакција

Пак се јави Каракачанов, нема да гласал Македонија да влезе во НАТО, ако не престанала да ја фалсификува историјата

Редакција

Судењето за „Тендери“ се одлага до назначување на нов судија-поротник

Редакција