еМагазин
Image default
Македонија

Пак се јави Каракачанов, нема да гласал Македонија да влезе во НАТО, ако не престанала да ја фалсификува историјата

Бугарскиот вицепремиер за безбедност и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, во изјава за бугарска Нова вели дека нема да гласал за прием на Македонија во НАТО кога ќе треба да се ратификува договорот во бугарскиот Парламент.

Тој вели дека во комисијата за решавање на историските прашања меѓу двете земји, која се формираше по потпишување на Договорот за добрососедство, немало напредок и дека кај македонските претставници имало голем дрскост и Македонија требало да го „промени фалсификувањето на историјата“.

„Не се согласувам со тоа Бугарија да постигнува компромис за својата историја“, изјави Каракачанов, кој е претседателот на бугарското ВМРО, коалициски партнер во владата на Бојко Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Шлаканица“ за Каракачанов: Убаво е чувството кога Заев и Мицкоски заеднички ја бранат Македонија

Заев до Каракачанов: Мое право е да бидам Македонец и да зборувам македонски јазик

Мицкоски: Квази-патриотски навој и крик на Каракачанов поради сомнението за поткуп за бугарските пасоши

Фото: Фејсбук/Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши зимскиот распуст, почнува второто полугодие

Редакција

Убава вест: 668 оздравени од Ковид-19

Редакција

Активни пожарите кај Дренак, Старо Нагоричане и Мургаш, кумановско, изгаснат кај Кокински Дол

Редакција