еМагазин
Image default
Македонија

Претреси во Скопје: Приведени лица за кражба на електрична енергија кои имале опрема за копање на криптовалути

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, по добиена судска наредба, денеска извршија претреси во дом и други простории на неколку локации во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Како што соопштија од МВР, претрес е извршен на улицата „Рилски Конгрес“ во домот на С.Т.(67), и на улицата „Александар Бујунов“ во две куќи сопственост на М.З.(63).

-При претресот е најден пиштол и разновидна опрема за копање на криптовалути, 16 ригови со 99 графички картички, 1 мајнер, со кои се вршела кражба на електрична енергија, што било потврдено и од претставници на ЕВН, информираат од МВР.

Во консултација со Јавен обвинител предметите ќе бидат одземени, а лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две македонски семејства побарале помош од македонската амбасада во Киев, вели Осамни

Редакција

Починаа нови 10 лица од Ковид-19, девет во болнички услови и еден дома

Редакција

Учесниците во изборната кампања да достават Извештај за трошоците, повикуваат од Државниот завод за ревизија

Редакција