еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претседателката на Судскиот совет, Црвенковска тврди дека не крие имот

По мое толкување и по толкување на правници кои се бават со трговско право, немам обврска во анкетен лист да пријавам имот како сопственост кој всушност не е сопственост, одговори денеска претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска во врска информацијата која ја добила од медиумите дека е казнета со 150 евра за непријавување целосен имот во Антикорупциската комисија.

Претседателката на Судскиот совет очекува да добие информација од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и во жалбата до нив ќе каже дека не сокрила никаков имот.

– Дали сум дала нецелосни податоци? Во секој случај ќе се произнесам кога ќе го добијам, кога најверојатно ќе имам право на жалба и кога ќе го кажам тоа што имам да го кажам. Јас не сокрив имот, бидејќи со анкетниот лист што го приложив до ДКСК, јас испратив и допис во кој ја наведов фирмата која се споменува, каде мојот сопруг е 40 проценти содружник и е поведена стечајна постапка.

Наведов по мое толкување и толкување на правници кои се бават со трговско право дека немам обврска во анкетен лист да пријавам имот како сопственост, кој всушност не е сопственост, бидејќи до моментот на отворањето на стечајна постапка со стечајниот имот управува стечајниот управител, истакна Црвенковска.

Таа појасни дека со допис ја информирала ДКСК и за стечајната постапка и за затворањето на стечајната постапка и дека не може да стави имот кој не е во сопственост.

– Не сметам дека  сум сокрила некој имот, ниту тоа ми била целта, оти тогаш не би ги информирала со допис. Дека не сум го ставила во анкетниот лист им објаснив од која причина не го ставам, а не можам да ставам нешто за сопственост, која не е сопственост и за таа фирма е затворена стечајната постапка, додаде Црвенковска.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силен земјотрес во Албанија почувствуван во неколку градови во Македонија, во Дебарско останаа без сон

Редакција

Нови 160 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Тетово

Редакција

Останати 4.900 обрасци, а 14.900 граѓани чекаат да им биде издаден пасош, вели Чулев

Редакција