еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, утрово најстудено во Берово, минус четири степени

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне 23 степени.

Најстудено утрово е во Берово со минус четири степени, во Битола и Струмица е нула, во Тетово, Скопје Маврово, Демир Капија еден, во Крива Паланка, Прилеп и Штип се измередни два степена, Гевгелија четири, Охрид пет, и во Крушево, Дојран и Попова Шапка седум степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска променливо облачно и потопло со локален дожд

Редакција

Како да препознаете ГМО храна во продавниците и на пазарите?

Редакција

Доктор Мехмедовиќ за СП: Не е добро да се комбинираат вакцините, влегуваме на непознат терен

Редакција