еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претседателот на РКЕ Бислимоски е добар, нападот пријавен во МВР

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски е добар, колку и да е тоа соодветен збор по инцидентит кој се случи синоќа каде тој беше нападнат во центарот на градот. Нападот е пријавен во МВР, информира портпаролот на РКЕ, Марина Узунов.

-Сакам да ја информирам јавноста дека како и до сега така и од сега РКЕ ќе продолжи да работи транспарентно согласно законот затоа што основен постулат во нашето делување е заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност и стабилност во електро енергетскиот систем.

Единствено по што се водиме е словото на законот, така и ќе продолжиме да ги водиме постапките врз основа на силата на аргументите, а не на физичка сила, изјави Узунов за МИА.

Нагласи дека претседателот на РКЕ, Бислимоски, инцидентот го пријавил во соодветните институции.

Како што информира претходно МВР, во СВР Скопје синоќа во 23:54 часот М.Б. (45) од Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ. (28) од Скопје.

Од МВР за МИА информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Синот на Муса Џафери физички го нападнал претседателот на РКЕ, Бислимоски

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стојанов ја врати објавата во која нуди 200 евра за идентитетот на македонски полицаец, МВР го известило Обвинителството

Редакција

(Фото) Воспоставена авиолинијата Скопје-Сараево: ТАВ и Aegean прославија со своите патници

Редакција

Мицкоски за Абази: Изборот на новиот шеф на ОЈО ГОКК е партиско – политички договор на власта

Редакција