Претседателот на Советот на општина Валандово, Владимир Марков, денеска ја потврди информацијата дека бил позитивен на Ковид-19 и оти за разлика од претходните неколку денови, од утрово се чувствувал подобро.
Тој се лекувал во домашни услови, и моментно е изолиран од членовите на семејството кои покажале негативни резултати на тестирањето.
Поради новонастанатата ситуација, валандовскиот совет својата наредна седница ја закажа за петок, 30 октомври и ќе ја одржи далечински.
Инаку и во општина Валандово епидемиолошката ситуација е неповолна. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје на територијата на општината активни на Ковид-19 се 39 пациенти.
МИА/Фото: Општина Валандово
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.