еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МПЦ уште еднаш повика да се зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) очекува Владата и сите останати општествено-политички фактори да се обединат и да изградат стратегија, која целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја во семејството на европските народи.

Синодот, во соопштението по денешната вонредна седница на која дискутирало за актуелната состојба во македонското општество, ја информира јавноста, доколку во која било форма биде загрозена македонската посебност, МПЦ – ОА нема да го прифати тоа.

-Светиот Синод со загриженост посвети внимание на ситуацијата предизвикана од последниот модифициран француски предлог, како и последиците што би произлегле од истиот, и повторно упатува апел за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси.

Како Синод очекуваме Владата и сите останати општествено-политички фактори, вклучени во овој процес да се обединат и да изградат стратегија, која целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја во семејството на европските народи.

Синодот ја информира јавноста, доколку во која било форма биде загрозена македонската посебност, МПЦ – ОА нема да го прифати тоа, се наведува во соопштението од САС на МПЦ – ОА.

Воедно, од Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА, го повикуваат македонскиот народ и сите граѓаните во македонското општество на целосно обединување, притоа да ги искористат сите демократски средства за зачувување на својот опстој.

– Оние, пак, кои одлучиле преку протест да го остварат своето право, тоа да го направат достоинствено, без насилство и без уништување на јавните добра, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грците за „контраверзната“ изјава на Заев му се пожалиле и на Димитров

Редакција

(Фото) Претседателот Иванов со сопругата пречекани со највисоки почести од кралот на Јордан

Редакција

Запленети 50.600 евра на скопскиот Аеродром кај патник од Турција

Редакција