еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

Претседателот Пендаровски ќе му додели „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот манастир

Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска напладне во претседателската резиденција на Водно ќе му го додели високото државно одликување „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, по повод 1000-годишнината од неговото основање.

Се очекува на свеченоста обраќање да имаат претседателот Пендаровски и игуменот на Бигорскиот манастир, епископот г. Партениј. Предвидено е да настапи и бигорскиот монашки хор. Целата свеченост, како што информираат од бигорката обител, ќе биде во живо пренесувана на нивната Фејсбук страница и Јутуб канал.

Централна прослава на 1000 годишниот јубилеј ќе биде одржана в недела во Бигорскиот манастир.

Одбележувањето ќе почне во 9:00 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

По завршувањео на литургијата, со пригодно слово кон присутните, освен архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, претседателот на државата Стево Пендаровски.

Фото: Бигорски манастир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Дебар Маало осветлено во чест на Горан Стефановски: „Искрата што се измолкнува“ од неговиот есеј да ни биде светлина

Редакција

(Галерија) Галичка свадба: Марина Петровска и Огнен Караѓозоски ја крунисаа својата љубов

Редакција

(Видео) Спектакуларно доживување: Убавините на Македонија од птичја перспектива

Редакција