еМагазин
Image default
Балкан

Денеска претседателски избори во Црна Гора

Црна Гора денеска го избира својот претседател меѓу седуммина кандидати, а правото на глас граѓаните може да го остварат до 20 часот.

Избирачките места беа отворени во 7 часот, а право на глас имаат 542.154 граѓани.

На изборите учествуваат кандидатите на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ, Демократскиот фронт (ДФ) Андрија Мандиќ, демократот Алекса Бечиќ, од Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ, лидерот на Обединета Црна Гора (УЦГ), Горан Даниловиќ, пратеничката на Социјалдемократската партија (СДП), Драгиња Вуксановиќ Станковиќ и инфлуенсерот Јован Радуловиќ.

Ова се четврти претседателски избори од обновувањето на независноста на Црна Гора и осми од воведувањето на повеќепартискиот систем.

За претседател на Црна Гора ќе биде избран кандидатот кој ќе добие повеќе од половина од важечките гласови на избирачите кои гласале.

Доколку ниту еден кандидат не го добие потребниот број гласови, вториот круг од изборите ќе се одржи за 14 дена, односно на 2 април.

Во вториот круг учествуваат двајцата кандидати кои освоиле најголем број гласови. Претседателот на државата ќе се избира со мандат од пет години.Првите прелиминарни резултати се најавени за 21 часот.

Според анкетите на јавното мислење, извесен е вториот круг од изборите, во кој се очекува да влезе Мило Ѓукановиќ, а за противкандидат се борат Мандиќ, Бечиќ и Милатовиќ.

Покрај набљудувачи од локалните невладини организации, изборите денеска ги следат и набљудувачи од мисијата на ОБСЕ, Советот на Европа и набљудувачката мисија на Европскиот парламент, која ја предводи известувачот за Црна Гора, Тонино Пицула.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тоше Проески добива улица во селото Јабука кај Панчево

Редакција

Мицотакис најави легализирање на истополовите бракови

Редакција

Фабрика за мебел го направи Врање ново жариште на коронавирусот во Србија

Редакција