еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Превентивно се повлекуваат „киндер“ производи – тој што купил, да не ги јаде, туку да ги врати

Од пазарот во Македонија се повлекуваат сериите „киндер“ производи на компанијата „Ферреро“, чиј рок на употреба истекува на 03.10.2022 година, 23.08.2022 година, 02.06.2022 година, 07.07.2022 година, 15.07.2022 година, 11.06.2022 година и 30.06.2022 година, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Инспекциските служби на АХВ спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна „Атлантик трејд“ ДОО Скопје, увозник на производите од компанијата „Фереро“, ин формираат од таму.

-Контролата се спроведе врз основа на добиеното известување од компанијата Фереро д.о.о од Загреб, Република Хрватска, со кое информира дека од превентивни причини од пазарот во Македонија се повлекуваат неколку серии од „киндер“ производите, велат од АХВ.

АХВ добила и нотификацијата од Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, со која се алармира дека на пазарот во земјава е пласиран сомнителен чоколаден производ од овој производител.

-Врз основа на извршената инспекциска контрола, на компанијата увозник издадено и е решение со кое се забранува промет на призводи „киндер“ со лот L006LtB-NR, L330RtB-MJ, L2923RtDKX, L328RtD-M,L336RZD-MU, L302RO3, L321RO3.

На операторот му е издадена и наредба да изврши отповикување на наведените лотовиод производот и повлекување на количините кои се пласирани на пазарот.

Потврда за итно, превентивно повлекување од пазарот на производи од овој бренд до АХВ прати и компанијата увозник која извести дека од пазарот се повлекува производoт 260320 Kinder Schokobons G125x16, серија L321R03, со рок на траење 30.06.2022 година, серија L302R03, со рок на траење 11.06.2022 година, од производителот Ferrero Ardennes S.A., rue Pietro Ferrero 5, 6700 Арлон, Белгија, наведува АХВ.

Агенцијата ги известува потрошувачите кои го имаат купено овој вид на производ, да не го консумираат, да го вратат на местото од каде го купиле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Настел купи акции во Реплек: Поседува 5,95% од вкупниот број на акции на фармацевстката компанија

Редакција

Боки-13 бара вонреден надзор и контрола од страна на Судскиот совет, заради кршење на човекови права

Редакција

Во ново пукање во Арачиново убиен 50-годишен маж

Редакција