еМагазин
Image default
Македонија

Пријавени изборни нерегуларности во МВР: Агитација, фотографирање на гласачко ливче, расфрлани летоци…

На 05.05.2019 во Скопје, позади основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“, надвор од гласачкото место, пронајдени се околу 10 летоци со содржина во врска со претседателските избори, инфофмира МВР.

Исто така, на улица „Коста Новаковиќ“ во две згради, од страна на граѓани е пријавено дека има расфрлени летоци со со содржина во врска со претседателските избори.

Во 12,30 часот, од Општинската изборна комисија на гласачко место број 0764 во село Другово, Кичево пријавено е дека Ј.Ј. со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Лицето е повикано во ПС ОН Кичево и известен е јавен обвинител.

Во 14,30 часот, од страна на заменик претседател на Избирачкиот одбор на гласачко место број 2666, во Основното училиште „Златан Сремац“, на подрачје на ПС ОН Кисела Вода, пријавено е дека В. Ч. (31) од Скопје од ходникот со мобилен телефон го сликал избирачкиот одбор. Од страна на полициски службеници лицето е задржано и во ПС за понатамошна постапка.

Во ПС ОН Кочани, С. С. телефонски пријавил дека во близина на гласачките места број 875 и 876 во село Чешиново, Кочани, неовластено се задржувале неколку лица. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и не се потврдени наводите од пријавата.

Од страна на општинскиот огранок на политичка партија од Чешиново-Облешево во писмена форма пријавено е дека две лица од село Облешево со патничко возило вршеле агитација во село Облешево. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и не се потврдени наводите од пријавата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера се вакцинирале 6.521 граѓани, што е двојно помалку за разлика од претходните денови

Редакција

Јадранка Дабовиќ-Анастасовска нова судијка во Уставен суд

Редакција

Груевски се јави на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Редакција