еМагазин
Image default
Да помогнеме

Пријавете се во Дарителскиот регистар за срцевина, можеби сте компатибилен дарител за срцевина за едногодишниот Марко

Родителите Маја и Митко Ташеви од Кавадарци апелираат за повеќе потенцијални дарители за срцевина затоа што на нивниот син Марко итно му е потребна трансплантација на матични клетки.

Сите хумани граѓани може да се пријават на линкот.

Марко е момче на возрст од 1 година и боледува од имунолошка болест која се лекува со трансплантација на коскена срцевина.

„Со пребарувањето во Меѓународниот регистар за дарители на срцевина не е најден компатибилен дарител, и надежта е дека оваа и слични акции ќе го зголемат бројот на учесници во регистрите во нашата земја и ќе ги зголемат шансите за да се идентификува компатибилен дарител за Марко, но и за други граѓани од нашата земја кои имаат ваква потреба.

Одредувањето на компатибилност се изведува со земање на брис од образ. Тоа можете да го направите сами или да Ви помогне некој од вработените во НФС – Дарителски регистар за срцевина.

Марко, родителите и целото семејство на Марко, како и сите ние од НФС – Дарителски регистар за срцевина ви благодариме за спремноста да станете дел од светското семејство на потенцијални доброволни дарители за матични клетки. Дарувај срцевина. Дарувај живот!“, стои во апелот за малиот Марко.

Фото: Фејсбук/Ташеви

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребна е крв, нулта негатив, за 22-годишно момче од Пробиштип

Редакција

Потребна е помош за лекување на Горан Јанев кој треба да замине во Турција

Редакција

Што да донирате и како да им помогнете на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Редакција