еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

При температури над 40 степени, како да спречите топлотен удар

Македоинија „гори“ на 40 степени, временски услови кои се исклучително опасни по здравјето на граѓаните.

Специјалистот по семејна медицина Снежана Тренчева, на нејзиниот Фејсбук профил дава неколку совети како да спречите топлотен удар:

“Кога излегувате на сонце,задолжителна е заштита (капа,чадор, наочари за сонце… и сл).

Треба да пиете доволно течности. Водата, природните сокови од овошје и зеленчук се одличен избор. Доколку сте хроничен пациент и имате проблем со задржување на водата, консултирајте се со вашиот лекар за тоа колку течност треба да пиете дневно.

Избегнувајте излегување на сонце во многу топлите денови од 10 до 17 часот.

Секогаш нанесувајте на отворените делови од телото крема со заштитен фактор.

Изладете се или изладете ја просторијата во која престојувате (може со влажни крпи, туширање, клима…и сл.)

Избегнувајте пијалоци со кофеин и алкохол, бидејќи со нивно консумирање се губи уште повеќе течност.

Доколку сте здрави, а работите на отворено или вежбате на отворено, се препорачува да внесете околу 700 мл вода и тоа 2 часа пред вежбање и уште 200 мл непосредно пред да започнете со вежбање. За време на вежбањето треба да пиете 200 мл на секои 20 минути или таа количина да ја распределите на помала километража.

Контролирајте колку мокрите и каква боја е вашата урина, бидејќи тоа е знак за дехидратација (ако е темна и има силен мирис тоа значи дека не внесувате доволно течност).

Бидете претпазливи кога влегувате во возило што стоело на сонце, пред да влезете отворете ги сите врати и багажникот и почекајте неколку минути да се олади возилото и површините што ги допирате (воланот и сите седишта), и температурата да се изедначи.

Носете лесна, широка и светла облека направена од природни материјали“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топлотен удар: Кои се симптомите и што треба да направите

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора воведува карантин во три града поради Ковид-19

Редакција

Ковачевски во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа

Редакција

Пријавете ги докторите кои шират невистини и псевдонауки за вакцинацијата, велат од Лекарска комора

Редакција