еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Топлотен удар: Кои се симптомите и што треба да направите

Македонија се наоѓа во портокалова фаза, а температурите до среда ќе бидат над 40 степени.

Препорака е од 10 до 18 часот да не се излегува на отворено, а одередени категории на граѓани се ослободени од работа.

Една од работите која што може да се случи при долготрајна изложеност на сонце е топлотен удар.

Специјалистот по семејна медицина Снежана Тренчева објаснува како настанува тополотен удар, кои се симптомите и како се лекува.

На нејзината Фејсбук-страница таа објаснува дека симптоми на топлотен удар се главоболка и вртоглавица, гадење и повраќање, треска, понекогаш температурата стигнува и до 39 степени, слабост која е придружена со болки во зглобови и мускули, палпитации на срцето, недостаток на потење, црвена и сува кожа, во најлош случај може да дојде до губење на свеста и грчеви кои се слични како кај епилепсија.

Таа пишува дека дека не мора да бидете на сонце за да добиете топлотен удар.

„Доволно е да седите внатре или да се возите во загушлива кола или јавен превоз, со многу висока температура. Во тој случај нашиот организам ги исцрпува резервите на вода и доаѓа до топлотен удар (често се случува во летните месеци да останеме во кола или да патуваме со кола во која нема ладење но внимавајте и избегнувајте го тоа зошто може да биде опасно по живот и да дојде до смрт!).

Најчесто е последица поради влажен и топол воздух, особено кај работниците во пекара, кујна, во близина на жешки високи печки,“ пишува Тренчева.

Според нејзе, оваа состојба вклучува сериозно губење на течности со можност за губење на свеста и доведува една состојба која може да биде опасна по живот и бара медицински преглед и третман.

Покрај губењето на течности, електролити и хиповолемичен шок, топлотниот удар може да ги оштети сите органи.

„Топлотниот удар е најчест кај деца под 4 години, како и кај возрасните над 65 години, но сите хронични пациенти се исто така изложени на ризик (кардиоваскуларни пациенти, дијабетичари, бубрежно болни, лица со ментална болест, алкохоличари), како и оние кои работат на отворено летните месеци,“ додава таа.

Во однос на тоа што треба да се направи при топлотен удар таа вели дека прегревањето, односно треската и дехидрацијата се главните причинители на сите симптоми кои се јавуваат како премор, главоболки, гадење, повраќање, промени во притисокот, тахикардија, болки во мускулите и сл.

„Затоа најважно е прво да се разладите (со туширање со ладна или млака вода, мраз или ладни облоги кои ќе ги ставите на грб или под пазувите).

На второ место е замена на течности и електролити на натриум, калиум, кои исто така се губат при загревање. Ова треба да се прави бавно, а не агресивно без разлика дали го внесувате преку уста или преку инфузија во здравствена установа.

Лековите против болки кои исто така ја ублажуваат болката се исто така една од мерките за лекување, и ако студиите покажаа дека овие лекови не треба да се користат.

Она што исто така може да се случи е пад на шеќерот под нормалното ниво т.е. хипогликемија, па ако е можно треба да се измери шеќерот. Секако, во здравствените установи доколку состојбата на пациентот налага се применуваат дополнителни терапевтски и дијагностички процедури,“ вели таа.

Според Тренчева, симптомите на топлотен удар може да бидат благи, но и многу сериозни.

„Затоа внимавајте доколку забележите некој од симптомите и ако видите дека вашите проблеми не се намалуваат, задолжително јавете се на лекар,“ советува Тренчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

При температури над 40 степени, како да спречите топлотен удар

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се враќаат повеќето авиолинии кои беа запрени поради пандемијата од Ковид-19

Редакција

„Луфтханза“ од мај ќе го намали бројот на летови од Скопје за Франкуфурт

Редакција

Заев: Мнозинство се уште нема, ќе знаеме на денот на гласањето

Редакција