еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се враќаат повеќето авиолинии кои беа запрени поради пандемијата од Ковид-19

Со летниот ред на летање се враќаат повеќето од авиолиниите што беа запрени во 2020 година со затворањето на аеродромот во Скопје. Станува збор за голем број линии на авиокомпанијата Визер, како и на рутата Скопје-Варшава на полски ЛОТ.

Најавени се и чартер летови од Скопје до Анталија во Турција за периодот од мај до октомври од пет авиокомпании.

Ваквите најави се очекува да го зголемат бројот на патници, којшто, како и во минатата година по стартот на пандемијата, така и во првите два месеца од годинава бележи пад од 70 проценти во однос на истиот период лани.

Сепак, натамошниот развој на воздушниот сообраќај ќе зависи од одлуките на владиите поврзани со ковид-пандемијата.

„Бројот на авиокомпании кои летаат од Меѓународниот аеродром Скопје во рамки на летниот распоред на летање за 2021 година, останува речиси истиот.

Во зимскиот распоред на летови имавме 10 авиокомпании кои летаа од скопскиот аеродром и тоа: Ер Србија, Ејџиан ерлајнс, Аустриан ерлајнс, Еделвајс, Чер ерлајнс, Кроација ерлајнс, Пегасус ерлајнс, Туркиш ерлајнс, Виндроуз ерлајнс и Визер.

Сега, во летниот распоредот на летање, кој почнува од крајот на март до крајот на октомври, ќе имаме уште една авиокомпанија, а тоа е полската ЛОТ. Тие најавија дека ќе се вратат на македонскиот пазар со летовите на релација Скопје-Варшава, од јуни до октомври, коишто беа прекинати со почетокот на пандемијата минатата 2020 година“, изјавија од ТАВ Македонија.

Бројот на дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје во зимскиот распоред на летање беше 22, а сега авиокомпаниите најавија вкупно 41 редовна дестинација, што, како што велат од ТАВ, значи дека повеќето од линиите што беа запрени во 2020 година со затворањето на аеродромот, сега се враќаат.

Покрај редовните авиолинии/дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје, пет различни авиокомпании најавија чартер летови од Скопје до Анталија во Турција, почнувајќи од мај до октомври. Тоа се Туркиш ерлајнс, Пегасус ерлајнс, Корендон ерлајнс, Сан експрес и Фрибрд ерлајнс.

МИА/Фото: Визер/ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Решение со Бугарија засега нема, на маса нема ни конкретен предлог од Франција, вели Ковачевски

Редакција

(Видео) Шокантни снимки од карантинот во Шангај, кои Кина не сака да ги видите

Редакција

Штипјанец и двајца кочанци завршија во државен карантин поради непочитување на мерките за изолација

Редакција