еМагазин
Image default
Македонија

Пристигнаа 6.000 дози вакцини за вакцинација на Граничната полиција при МВР, донација од Владата на Република Унгарија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје” ја пречекаа делегацијата предводена од министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кој ја предаде донацијата од 6.000 дози вакцини против коронавирусот, како пријателски чин на Владата на Република Унгарија.

Спасовски по предавањето на донацијата рече дека вакцините се наменети за имунизација на припадниците на Министерството за внатрешни работи, поточно за Граничната полиција, која што согласно надлежностите и обврските е во поголема мерка изложена на предизвиците од актуелната глобална пандемија со Ковид-19.

„Сакам да истакнам дека досега, како министерство, успеавме да организираме имунизација на над 1.500 наши припадници на полицијата, а со тој процес на имунизација ќе продолжиме и понатаму врз основа на планот што е изготвен во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за здравство.

Ова е уште една можност преку ваков пријателски чин да испратиме силна порака за взаемна соработка и пријателство“, посочи Спасовски.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студенти од шестта година по општа медицина помагаат во изработка на анкетните листови на контактите на Ковид позитивните

Редакција

Надлежните збунети: Две лица вработени во кумановската болница по втор пат позитивни на Ковид-19

Редакција

Вкупно 2.866: Од Ковид-19 починаа 11 лица

Редакција