еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Присуството на луѓе со транспаренти говори дека процесот се води по нечија агенда, регираат од клиниката Жан Митрев за денешното рочиште

Денешното рочиште и условите во кои се обвива покажува дека против д-р Жан Митрев и клиниката Жан Митрев се води инструиран процес и организирана хајка за неосновано обвинение, регираат од клиниката за денешното рочиште.

-Присуството на луѓе со транспаренти на денот на рочиштето чиј датум и време на одржување не беше јавно објавено, говори дека сѐ поврзано со овој процес е претходно организирано и се води според нечија агенда.

Организирање на луѓе со транспарентни кои повикуваат на линч, создаваат атмосфера како се да е веќе решено, е најостро рушење на правдата и одземање на правото да се докаже невиноста и вистината. Ова не е правно оружје и на ваков начин се спречува вистината.

Ако процесот против д-р Жан Митрев и клиниката Жан Митрев е непристрасен, фер и без влијание, тогаш каде е презумцијата на невиност и зошто се води организирана хајка.

Презумцијата на невиност како во секој случај но посебно во случајот со д-р Жан Митрев и Клиниката, што извршува општо-корисна функција за граѓаните и грижа за нивното здравје треба да биде сериозно и бескомпромисно почитувана.

Досега се покажа дека Обвинителството целиот процес го води со намера да наштети, а не со намера да докаже вина, затоа што и самите знаат дека вина не постои.

И покрај сето тоа клиника Жан Митрев и д-р Митрев, ја продолжуваат својата борба за правдата и за докажување невиност во овој инструиран процес и паралелно под целиот притисок продолжуваат да работат со своите пациенти, лекувањето и исполнување на својата хумана мисија, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судењето за Жан Митрев одложено, пред судот протестираа граѓани со транспаренти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР го утврди идентитетот на повеќето лица кои нападнаа бугарски навивачи во Чаир

Редакција

Каков имот пријавила Весна Дамева, новата претседателка на Судскиот совет

Редакција

(Вознемирувачко видео) Полицаец во Египет уби двајца израелски туристи и локален туристички водич

Редакција