еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Притвор за Габриел Бајрам, со боксови натепал вработен во ресторан бидејќи не му дозволил да крши чинии во објектот

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица, татко и син од Скопје, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Двајцата осомничени, на 28 јули, во угостителски објект на булеварот „Словенија“ во Скопје, додека биле на семејна роденденска прослава, извршиле грубо насилство врз едно лице. Оштетениот одбил на еден од присутните гости на прославата да му даде чинии за кршење.

Во тој момент, осомничениот се упатил кон шанкот и со рака замавнал кон шишињата и чашите, фрлајќи ги кон лицето на оштетениот. Оштетениот успеал да се заштити со рацете, по што осомничениот започнал да го удира со боксови во пределот на главата.

Кон ударите се придружил и неговиот син, а за цело време двајцата осомничени упатувале пцовки и закани кон нападнатото лице. Оштетениот се здобил со телесни повреди по главата и телото, додека насилството предизвикало чувство на несигурност, загрозување и страв кај други присутни сведоци на настанот, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 41-годишник, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото, со оглед дека се работи за лице кое и претходно е осудувано за повеќе слични кривични дела.

Исто така, постои и опасност осомничениот да му се заканува или да го нападне оштетениот во обид да го принуди да го смени исказот. За неговиот 21-годишен син, пак, предложени се мерки на претпазливост.​

Претходно МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава по брза постапка против Г.Б.(40) и В.Б.(21), за сторено кривично дело „насилство“, по чл.386 од Кривичниот законик.

„Тие на 28.07.2022 околу 23.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Чаир физички нападнале едно лице вработено таму и оштетиле дел од инвентарот во објектот. Лицата се изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна на Г.Б. му е изречена мерка притвор, а на В.Б. му се изречени мерки на безбедност“, се вели во соопштението.

Фото: Фејсбук/Бајрам

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Горан Минчев, кандидат за министер за јавна администрација

Редакција

Владата ќе остане на патот кон ЕУ, но без отстапки

Редакција

(Видео) Целосна фармацевтска грижа за пациентите во Клиниката „Жан Митрев“

Редакција