еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Казна од САД: Нема учество за Косово во воената вежба „Дефендер“

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховенир на средба со повеќе новинари во Приштина изјави дека откажувањето на учеството на Косово на воените вежби „Дефендер Европа 2023“ е првата последица за Владата на Косово, бидејќи ги отфрлила повиците на Вашингтон да не ескалира ситуацијата на северот на Косово, пренесе Бета.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на 26 мај предупредил дека постапките на Владата на Косово во северните општини ќе имаат последици врз билатералните односи.

„Првиот показател за тоа беше одлуката што ја донесе завчера американскиот командант за Европа да го откаже учеството на Косово на „Дефендер Европа 2023“, рече Ховенир.

„Тие вежби се завршени за Косово“, додаде тој.

САД ја критикуваа Владата на Косово, нагласувајќи дека на 26 мај новите албански градоначалници во северните општини „насилно влегле“ во општинските згради на север.

Ховениер рече дека САД исто така размислуваат за други одлуки што треба да донесат поради тоа.

„Побаравме косовскиот премиер Албин Курти веднаш да преземе чекори за деескалација на ситуацијата на север. Тој не одговори на тие барања. Затоа размислуваме кои ќе бидат нашите следни акции“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Унгарски војници од КФОР ги спуштаат штитовите пред Србите во Косово: Хит на социјалните мрежи во Србија

(Видео) Вознемирувачки сцени од Косово: Судир на КФОР и Срби, има повредени

МИА/Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Семејство бегалци од Украина пристигнаа во Охрид, потребна им е помош

Редакција

Филипче: Сцените од Струга се крајно разочарувачки за мене, барам истрага

Редакција

Инфлацијата забавува, но и понатаму е висока во споредба со историскиот просек, велат од Народна банка

Редакција