еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Притворот на Мухамед Зеќири продолжен за нови 30 дена

По предлог на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, (ОЈО-ГОКК), Кривичниот суд – Скопје денеска на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири му изрече нови 30 дена притвор, потврдија извори од Судот за МИА.

На Зеќири, кого ОЈО-ГОКК го осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања, првата мерка притвор од 30 дена му беше изречена на 9 април.

За ова одлука следеше жалба, но таа беше одбиена.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941.985 евра што е за околу 147.000 евра повеќе од 795.000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аналитичари за МИА за македонско-бугарските односи во пресрет на преговарачката рамка

Редакција

Високиот процент на антитела не значи дека е постигнат колективен имунитет, вели заменик министерот за здравство, Рендевски

Редакција

Цената на становите во Скопје продолжува да расте, во четвртиот квартал лани пораснала за 7%

Редакција