еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинители влегоа во МВР: Одзедоа документи за станицата за технички преглед, во која поминал и автобусот на „Беса транс“

Кривична пријава од група граѓани доставена до Обвинителство, е причината поради која е отворена предистрага во која треба да се утврди како и зошто станицата за технички преглед „Виа Комерц“, каде што поминал на контрола автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре во Бугарија, не била затворена навремено, иако пропусти во работењето биле утврдени и нотирани во записник неколку месеци претходно, јавува „Телма“.

Предистрагата е отворена вчера и одземена е документација од неколку сектори во МВР кои го изврпшиле надзорот во станицата за технички преглед и го изготвиле решението за забрана.

Денеска тимови од Oбвинителството влегле и во пререгистрираната станица за технички преглед и од таму исто така се одзема целокупната документација поврзана со работењето и извршените контроли.

Во сообраќајната несреќа на автопатот Струма во Бугарија, загинаа 45 лица, а бугарското обвинителство утврди грешка во загинатиот возач.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се уште нема потерница за Нефи Усеини: Кои се најпознатите бегалци по кои трага МВР

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците во кои се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Судење за „организаторите на настаните од 27 април“: Нинџа не бил во ВМРО-ДПМНЕ во период пред насилството во Собрание, тврди одбраната

Редакција