еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приватните превозници се договорија со Град Скопје, очекуваат да започнат со работа од 20 март

Конечно имаме договор со Градот Скопје, ги договоривме сите детали, од исплатата на долгот на ЈСП од 1,5 милиони евра, до пуштањето на јавните повици, изјави членот на приватните превозници, Јовица Зафировски.

На денешната прес-конференција, Зафировски информираше дека јавните повици за сите линии ќе се објават во петок или во понеделник.

– На тој јавен повик ќе се пријавиме сите, нема причина да не се пријавиме, условите ни одговараат. Очекуваме дека до 20 овој месец ќе почнеме со работа, рече тој, појаснувајќи дека ќе има три јавни повици, односно три пакети и ќе бидат опфатени сите линии, меѓутоа, со нова прераспределба.

Зафировски рече дека засега немаат потпишано ништо туку ова им било презентирано усно.

Во врска со застареноста на некои од автобусите, Зафировски рече дека целата листа на автобуси е доставена до Град Скопје и дека градоначалничката изразила подготвеност да ги субвенционира во тој дел.

Приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и почетокот на декември со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град.

Во меѓувреме, градските власти ги отфрлаа наводите дека им должат пари, но инспекцискиот надзор покажа дека Град Скопје не во право.

Јавниот градски превоз, во меѓувреме, продолжи да сообраќа само со автобусите на ЈСП, а Град Скопје објави два огласи за приватни превозници на кои не се пријави ниту една компанија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа четворица пациенти од корона вирусот, двајца од Скопје

Редакција

Заев конечно се огласи: За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда

Редакција

Царинска управа вработува 16 службеници

Редакција