еМагазин
Image default
Локално

Приведен малолетник кој „оперирал“ во Штип: Извршил 12 кражби и разбојништва

На 30.11.2020 од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип по судска наредба и решение од Основен суд Штип, приведен е 17- годишник, поради сомнение дека е сторител на 12 кривични дела извршени на подрачјето на Штип, од кои едно „разбојништво“, една „тешка кражба на дрзок начин“, осум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“, информира МВР.

„Полициски службеници, со претставник од Центарот за социјална работа, извршиле спровод на малолетниот сторител во Воспитно поправниот дом Тетово. Се работи на расветлување и на други кривични дела за кои се сомничи 17-годишниот малолетник“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Противпожарни екипи го расчистуваат теренот од пожарот кај Треска

Редакција

(Фото) Директори на училишта се степаа пред ноќен клуб во Кавадарци, Јанчев најави нивно разрешување

Редакција

Родители однеле починато бебе во Итна медицинска помош во Неготино

Редакција