еМагазин
Image default
Локално

Приведен маж кој ја тепал љубовницата

Тетовската полиција бележи пријава за физички напад од жена на 47 години за кој е посочен 37-годишник од тетовско село. Тој е приведен синоќа околу 20 часот и 10 минути, откако ја нападнал жената два часа порано.

„Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот М.М. од тетовско село, кој претходно околу 18 часот и 40 минути навредувал и физички  нападнал 47-годишно женско лице, со кое подолго време биле во љубовна врска“, информира СВР Тетово.

Мерките на СВР Тетово продолжуваат кон расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Удрил во пешак во Кавадарци и побегнал

Редакција

30-годишно момче во скопски Аеродром се самоубило скокајќи од 12 кат на зграда

Редакција

(Фото) Аква-паркот во Скопје почнува со работа во петок

Редакција