еМагазин
Image default
Локално

Приведен угостител од Пробиштип, работел по дозволеното време

На 03.01.2021, полициски службеници oд ОВР Пробиштип извршиле контрола на угостителски објекти на подрачјето на ОВР Пробиштип во поглед на почитување на работното време, информира МВР.

При контролата, во 18.25 часот во угостителски објект на Градскиот плоштад, сопственост на И.М.(44) од Пробиштип, биле затекнати повеќе гости кои биле послужени со пијалаци.

Сопственикот И.М. бил лишен од слобода и приведен во ОВР Пробиштип, а за настанот бил известен Државниот пазарен инспекторат за преземање на мерки од нивна надлежност.

По консултации со Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против И.М. ќе биде поднесена кривична пријава, поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичниот законик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гореше „бмв“ во Шишево

Редакција

20 години не малтретираше: Семејството на битолчанецот кој го уби поранешниот зет, побара негово ослободување од притвор

Редакција

Сопружници пред развод со остар предмет и насилство „расчистувале“ расправија

Редакција