еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

20 години не малтретираше: Семејството на битолчанецот кој го уби поранешниот зет, побара негово ослободување од притвор

Група битолчани со мирен протест пред Основниот Суд во Битола побараа да биде одлободен од притвор Тони Ѓоргиевски-Фердо, за кого е поведена истрага заради убиство на Стојанче Соколов (44), исто така од Битола.

Осомничениот Тони Ѓоргиевски-Фердо е притворен по неодамнешното убиство над Соколов, кое според учесниците на протестот е извршено со цел да се заштити семејството на Ѓоргиевски.

Починатиот Стојанче Соколов е познат на полицијата како прекршител на закони, а 20 години ги малтретирал семејство Ѓоргиевски. Пред да се случи убиството, истакна Јове Ѓоргиевски, син на притворениот Тони Ѓоргиевски, и се заканувал на неговата сестра, која заедно со двете деца утрото побегнала кај својот татко.

Учесниците на протестот побараа институциите да му дозволат на Тони Ѓоргиевски да се брани од слобода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејството на дедото кој го уби поранешниот зет повикува на протест за да се брани од слобода

Детали за убиството во Битола: Притвор за дедото кој во домот го застрела неговиот поранешен зет

МИА/Фото: Фејсбук/Ѓоргиевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Целосна забрана за движење во Куманово од вечер во 21 до понеделник во 05 часот

Редакција

Не се ангажираше целосно, откако Меркел стана канцелар само Хрватска влезе во ЕУ, вели професорот Бибер

Редакција

Бројот на вакцинирани се зголемува: Вакцинирани вкупно 1.018 деца

Редакција