еМагазин
Image default
Македонија

Приведена лекарка во Куманово поради сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службена положба

Полициски службеници од СВР Куманово – Отсек за економски криминал извршија претрес во работните простории на Очно одделение при ЈЗУ Општа болница – Куманово и патничко моторно возило „опел астра“, паркирано во кругот на болницата.

Претресот е извршен по претходно добиени оперативни сознанија, односно основано сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката Е.С.

-При претресот во Очното одделение при ЈЗУ Општа болница – Куманово од медицинската сестра одземени се 18.000 денари, а при претрес во возилото, сопственост на лекарката Е.С. одземени се околу 98.000 денари.

Е.С. е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Куманово, информира Министерството за внатрешни работи.

Е.С. ја злоупотребила службената положба и овластување казниво по член 353 и примала поткуп од пациенти, казниво по член 357 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, така што правела хируршки интервенции во службени простории на ЈЗУ Општа болница – Куманово.

За интервенциите противправно земала по 12.000 денари, иако пациентите се здравствено осигурени преку ФЗО и за истата интервенција би требало да платат само партиципација, но партиципација не им била наплатена.

Пациентите ги давале парите лично на пријавената, пред да се изврши хируршката интервенција, а за што пациентите не добивале документ за платената услуга.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски државјанин уапсен на границата меѓу Италија и Австрија со три килограми кокаин

Редакција

Таткото на ракометарот Денис Тот: Од денот кога се случи убиството, за нас животот застана

Редакција

Македонија и Бугарија размениле понуди и документи, откри Ахмети

Редакција