еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведени 10 лица од Тетово и Гостивар за сексуална експлоатација и трговија со дете

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, вчера под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во содејство со секторите за внатрешни работи Тетово и Скопје, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“, извршено од страна на 11 лица, информираа од МВР.

Во периодот од 2020 година до септември 2021 година Г.Ш., искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето, во претходен договор со С.С., А.П. и К.Х., го сториле делото така што го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација и негово користење во сексуални активности или други форми на сексуална експлоатација со кривично пријавените Р.А., И.З., И.Е., А.М., Ќ.Ќ., Ф.А. и А. Ш., за паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист.

-Врз основа на издадени наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на подрачјето на Тетово на две локации извршени се претреси во дом и други простории и лишени се од слобода осум лица, додека на подрачје на Гостивар од слобода се лишени две лица, а  едно лице се наоѓа надвор од земјава, соопшти МВР.

Во соопштението се нагласува дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 11 лица, од кои Г.Ш.  (51) од Тетово за  кривично дело „трговија со дете“ (418-г став 2), С.С. (59) од Тетово за „трговија со дете“ (член 418-г став 1 и став 3), А.П. (67) од Тетово и К.Х. (50) од Гостивар за „трговија со дете“ (член 418-г став 1) и Р.А. (69), И.З. (55), И.Е. (67), А.М. (50), Ќ.Ќ. (53) и Ф.А. (63), сите од Тетово и А.Ш. (51) од Гостивар за „трговија со дете“ (член 418-г став 3) од Кривичен законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го посвоила, па го “продавала“ 14-годишното девојче за сума од 50 до 200 евра: Ужасни детали од Обвинителството за приведените за сексуална експлоатација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Рекет“ “удри“ и на предметите на СЈО за кои во тек се судења

Редакција

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни на болеста 29 лица

Редакција

Досега спаси 3 животи: Бубрег од 21-годишната девојка-донор успешно трансплантиран кај 27-годишно пациент

Редакција