Шест лица вечерва се приведени во полициската станица Гази Баба поради инцидент во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Како што информираат од болницата, инцидентот се случил кога роднини на почината 60-годишна пациентка од Ковид-19 се обиделе да го земат телото на починатата и упатиле закани на докторката.
Еден од приведените бил позитивен на корона вирусот и тој е спроведен во полициска станица со специјални протоколи.
Починатата пациентка пет дена била на респиратор во ГОБ „8 Септември“.
Согласно протоколите починатите пациенти од Ковид-19 ги подигнува специјална екипа од погребалното претпријатие Бутел опремена со скафандери и друга специјална опрема.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.