еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зоран Милески – Кичеец меѓу повредените во сообраќајката на патот Гостивар-Кичево

Четири лица кои се здобиле со потешки повреди во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на Новоселски гробишта, се пренесени на Клиничкиот Центар во Скопје.

Останатите лица се згрижени и им е укажана лекарска грижа.

Во сообраќајната несреќе повредени се вкупно седум лица, а едно лице го загуби животот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Милески – Кичеец бил пуштен од затвор поради “неодложни лекарски прегледи“

(ВИДЕО) Едно лице загина, а седуммина се повредени во несреќа на патот Гостивар-Кичево

–  Непосредно по сообраќајката организиран е тим од медицински персонал кој ги прими повредените. Тројца, поради сериозноста на повредите, кои не во животозагрозувачка состојба, се испратени на скопските клиники.

Набрзо за Скопје е испратен уште еден пациент, а останатите тројца коишто биле донесени на Урегентното одделение се медицински згрижени, изјави за МИА директорот на гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, Јакуп Јакупи.

Меѓу полесно повредените, според болнички извори, е и осудениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец, кој затворска казна ја издржува во затворот во Струга.

Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља за МИА изјави дека осудениот Зоран Милески Кичеец, на негово барање, имал прекин на казната од 11 август до 11 септември поради болест на неговата мајка.

Како што претходно јави МИА, едно лице го загубило животот, а уште седуммина се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Според информациите на СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила денеска околу 15 часот и 30 минути.

Во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа. Во неа учествувале три моторни возила: џип „мерцедес”, патничко возило „бмв” и камионет.

Од повредите здобиени при сударот едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад” за укажување на лекарска помош.

Засега нема информации како дошло до несреќата и што ја предизвикало.

Во моментов јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребно е и родителите да преземат сериозна одговорност во контролата на децата, смета Спасовски

Редакција

Детален преглед: Кои се фирмите што добија субвенции од програмата за микро, мали и средни претпријатија?

Редакција

Колку е чудно кога се бара да не се кратат платите во администрацијата

Редакција