еМагазин
Image default
Локално

Приведени тројца битолчани кои физички нападнале полицаец

На 02.04.2021 околу 16.45 часот на ул. „Јане Сандански“ во Битола, полициски службеници ги лишиле од слобода М.С.(39), А.С.(37) и Е.Р.(36), сите од Битола, затоа што физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а се однесувале агресивно и кон други полициски службеници, информира МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

23-годишен скопјанец провалил во објект на армијата во кој се чува оружје

Редакција

Моторџија удрил полицаец и побегнал

Редакција

Несекојдневна кражба: Синот му „здиплил“ на таткото 85.000 евра од метална каса

Редакција