еМагазин
Image default
Бизнис

Привремено се укинуваат царински стапки за млеко и павлака

Со цел да се намали растот на цените, Владата донесе одлука за времено укинување, (до 31.12.2022 година), на царинската стапка од 20 проценти за млеко и павлака, некoнцентрирани и без дoдаден шеќер или други материи за засладување со содржина на маснотија по маса што надминува 21 проценти, но не надминува 45 отсто и царинската стапка од 15 отсто за млеко и павлака, неконцентрирани и без додаден шеќер со содржина на маснотија по маса што надминува 10 отсто, но не надминува 45 отсто во амбалажа, чија нето маса не надминува 2,5 кг.

Од владината прес-служба соопштија дека увозот на овие тарифни ознаки од земјите на ЦЕФТА е без царина, а од земјите-членки на Европската Унија се врши со царинска стапка од пет отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната нето плата во март 34.925 денари

Редакција

Макпетрол ќе набавува гас за март по цена од 60,10 евра

Редакција

Стапува во сила руската забрана за увоз на праски од Македонија

Редакција