еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заминаа последното семејство од Авганистан згрижено во Македонија

Последното осумчлено авганистанско семејство претходно ангажирано од НАТО што беше згрижено во Македонија денеска ја напушти земјава, со што успешно е заокружена мисијата за обезбедување привремено сместување на Авганистанците кои беа преземени од базата „Бехтел” во Косово, објави на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– За време на нивниот престој во С Македонија, им беше обезбедена континуирана помош и поддршка, како резултат на ефикасната и широка меѓуинституционална соработка, и со голем ангажман од Црвен крст, за што во оваа прилика упатувам благодарност до сите инволвирани во успешната реализација на целокупниот процес.

Со обезбеденото привремено прибежиште на вкупно 68 Авганистанци, уште еднаш се докажавме како кредибилен НАТО партнер и придонесовме да се ослободат силите на Алијансата ангажирани во базата „Бехтел” во Косово и истите да делуваат во полн капацитет на Источното крило, а во контекст на заканите кои доаѓаат по земјите членки во тој дел, како последица на руската инвазија врз Украина, наведува Османи.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Материјалната штета во Собранието ќе биде платена, но штетата од процесот е неповратна, вели Крмов за кршењето

Редакција

Снег ќе ја покрие скоро цела Македонија, од УХМР најавуваат и ветер и постудено време

Редакција

Марјан Николов: Најдискриминирани при вработување се оние кои не се ни СДСМ, ни ДПМНЕ

Редакција