еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Снег ќе ја покрие скоро цела Македонија, од УХМР најавуваат и ветер и постудено време

Претежно облачно време со повремени врнежи кои поради спуштање на студен воздух од север речиси насекаде ќе преминуваат во снег, освен на југоистокот најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Врнежи повеќе ќе има во претпладневните часови во централните и источните делови од земјава, а попладне постепено ќе се преместуваат кон исток и ќе престануваат.

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, што во текот на денот ќе предизвика пад на температурата за неколку степени.

Дневната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени.

Во Скопје претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе биде околу 1 степен.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 19 сантиметри, а најмногу дожд до седум часот изутрина е регистриран во Охрид, Тетово, Претор, Пожаране, Крушево.

Минималните темпартури изнесувале нула степени во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Маврово и Лазарополе, еден степен во Пожаране, два во Скопје Петровец, Тетово, Крива Паланка и Крушево,  четири во Охрид, Претор, Штип, Берово и Дебар…

Според УХМР, до вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи претежно од снег со променлив интензитет. Утре повеќе врнежи ќе има во западните, а во вторник во јужните делови.

Во среда и четврток се очекува стабилно и суво време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Скопје побеле: Падна првиот снег

(Фото) Снежна зимска идила на Попова Шапка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто се слави 23 Октомври – Денот на македонската револционерна борба

Редакција

Ако продолжи војната во Украина растот ќе биде уште помал: Светска банка за годинава ни предвидува раст на економијата од само 2,7%

Редакција

На Груевски ќе му се суди и за „Белата палата„: Одобрен обвинителниот акт за „Талир 2“

Редакција