еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Зошто се слави 23 Октомври – Денот на македонската револционерна борба

Македонија денеска го празнува 23 Октомври – Денот на македонската револционерна борба.

Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун.

Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода.

Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев.

Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.

Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава.

Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 Октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.

Користени материјали од Википедија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борисов го предупреди Заев: Радев и техничката влада лажат и бегат од одговорност за нов договор

Редакција

Обезбедени снимки од видео надзорот на барот, околните објекти и системот „Безбеден град“: Детали за истрагата за двојното убиство во Чаршијата

Редакција

Почина кралицата на панк-стилот, Вивиен Вествуд

Редакција