еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што до сега се знае за „Молнупиравир“, единствениот лек против Ковид-19: Кому ќе се дава и дали во домашни услови?

Македонија ќе го набави „Молнупиравир“, единствениот лек против Ковид-19, во форма на таблета.

Засега останува непознато кога лекот ќе пристигне кај нас, но според информациите од Министерство за здравство, веќе е остварен првичниот контакт со компанијата.

Исто така, не е познато, дали овој лек ќе го даваат матичните лекари или ќе биде даван само во болнички услови.

„Министерството за здравство ќе информира за сите детали поврзани со лекот откако истиот ќе се набави,“ изјавија од Министерство за здравство за еМагазин.мк.

Кога лекот ќе пристигне, ќе се знае дали истиот ќе може да го прмаат сите кои имаат Ковид-19, и доколку не, на кои пациенти со каква клиничка слика би се давал.

Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.

Лек на компанијата Мерк

Лекот „Молнупиравир“ е на американската фармацевтска компанија Мерк (Merck), која неодамна побара од Американската администрација за храна и лекови (ФДА) да го одобри.

„Антивирусната таблета ќе се зема дома и ќе ги сузбие симптомите на ковид на почетокот на болеста и ќе го забрза закрепнувањето. ФДА ќе ги разгледа податоците на Мерк, ќе ја разгледа безбедноста и ефикасноста на лекот пред да донесе одлука,“ јавија неодамна американските медиуми.

Според американските медиуми, одлуката на ФДА ќе биде донесена во следните неколку недели и тоа ќе биде првиот официјален антиковид лек во светот. Други антиковид третмани одобрени од ФДА бараат интравенозно вбризгување или инекција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе го набави “Молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Западот и нанесе штета на руската економија, но Путин досега ги компензира тие трошоци: Кој победува во „војната„ со санкции?

Редакција

(Видео) Со оружје оштетено стаклото на бугарскиот клуб во Охрид, МНР со осуда

Редакција

Пролет во февруари: За викендот натпросечно топло време со температури до 20 степени

Редакција