еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обезбедени снимки од видео надзорот на барот, околните објекти и системот „Безбеден град“: Детали за истрагата за двојното убиство во Чаршијата

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска издаде повеќе наредби во насока на расчистување на синоќешниот оружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија, во кој две лица беа лишени од живот, а едно беше повредено, информираат од Обвинителството.

-По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција на телото на починатите.

Сите обезбедени и подигнати траги и материјални докази од лице место во угостителскиот објект во кој се случи настанот се предадени на вештачење.

Обезбедени се снимки од видео надзорот на самиот објект, на околните објекти, како и на системот „Безбеден град“, кои детално ќе бидат проверени.

Јавниот обвинител издаде наредба да бидат извршени разговори со повреденото лице, со неколку други лица кои биле присутни во угостителскиот објект за време на настанот, како и со други лица кои би можеле да имаат некакви сознанија за инцидентот.

Во текот на ноќта, беше обезбедена уште една локација на патот кон Горно Оризари, каде беше пронајдено опожарено возило „ауди“. По насоки на јавниот обвинител денеска увидни екипи на МВР вршат детален увид и преглед на таа локација, а сите прибрани траги и докази исто така ќе бидат предмет на вештачење.

Истражните органи продолжуваат да преземаат интензивни дејствија за проверка на сите околности и откривање на сторителите, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убијците на Кривањева го запалиле возилото со кое дошле: Детали за двојното убиство во Чаршијата од МВР

Еден од убиените во Чаршијата е Јетон Кривањева, врз кого беше пукано и во Александар Палас пред четири години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

54% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Не поддржуваме никаков говор на омраза, повикуваме на мирни протести против двата спорни закона, велат од МПЦ-ОА

Редакција