еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Во ковид центрите во болниците низ земјава во изминативе 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 492 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство (МЗ) на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти.

-На  инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 74 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 20 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 32 пациент, во Кочани 7 во Кичево 9, Кавадарци 57, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот, соопштија од Министерството.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 795 и има околу 342 празни болнички кревети во ковид центрите.

Инаку, како што се посочува во соопштението на МЗ, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството информира дека има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косово не одговара на барањата на Македонија за екстрадиција на обвинетите за „Монструм“, Демири и Исмаиловиќ

Редакција

(Фото) Полицијата употреби сила врз граѓаните кои вадат документи во пасошко

Редакција

Во Битола ќе се зголеми бројот на тестирања со брзи тестови за Ковид-19

Редакција