еМагазин
Image default
Македонија

Во Битола ќе се зголеми бројот на тестирања со брзи тестови за Ковид-19

Идната недела во Битола ќе се зголеми бројот на тестирања со брзи тестови за Ковид-19, како важен предуслов за рана детекција на вирусот и брза интервенција од страна на здравствениот персонал.

Општинскиот штаб за заштита и спасување по денешната седница извести дека Општина Битола и јавните претпријатија ги завршиле своите активности за подготовка на теренот за поставување на модуларните болници во Битола.

„Зголемениот број новозаболени што се појави во последните месеци, во моментот е во мала стагнација, но заштитата и почитувањето на мерките и понатаму се клучни за подобрување на епидемиолошката состојба.

Идната недела ќе се зголеми бројот на тестирања со брзи тестови што е важен предуслов за рана детекција на вирусот, како и за брза интервенција од страна на здравствениот персонал,“ соопшти Општинскиот кризен штаб.

Штабот апелираше во празничниот период да има одговорно однесување заради лична и заштита на здравјето на другите лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење „Титаник“: Оспорена автетичноста на СМС пораките

Редакција

Убава вест: 147 оздравени од Ковид-19

Редакција

Обвинители биле во Косово, за обезбедување докази за случајот на Онкологија

Редакција