еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Убијците на Кривањева го запалиле возилото со кое дошле: Детали за двојното убиство во Чаршијата од МВР

На 06.03.2023 година во 20.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Самоилова“ во Скопје пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28), кои починале на местото на настанот, и кон А.Т.(34) од Скопје, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Известен е јавен обвинител, кој излезе на лице место и по чија наредба телата се дадени на обдукција.

Околу 20.30 часот било опожарено возило „ауди а6“ на патот кон Горно Оризари.

По насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден од убиените во Чаршијата е Јетон Кривањева, врз кого беше пукано и во Александар Палас пред четири години

Двајца убиени, еден е повреден во бар во Старата скопска чаршија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице почина од Ковид-19, вкупно до сега 5.489

Редакција

10 члена на општинскиот кризен штаб на Куманово позитивни на коронавирусот

Редакција

Пред избори обвинение за Максим Димитриевски, тој обвини дека власта мотира случај против него

Редакција