еМагазин
Image default
Македонија

„Призма“: Предводник на „Шверцери“ и пејач го советуваат вицепремиерот Груби

Омер Буњаку, предводник на навивачката група „Шверцери“, и Шпат Касапи, популарен пејач, од 13. ноември годинава се советници на првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем, Артан Груби, објави „Призма“.

Биографијата на Буњаку, која „Призма“ ја добила од Кабинетот на Груби била мошне кратка, имала едвај 70 збора, од кои половината од нив биле потрошени да се опише неговиот ангажманот како советник, а во другата половина од биографијата за него пишувало дека дипломирал туризам и менаџмент. Директор е на фудбалскиот клуб Шкупи и покрај албански и македонски зборува англиски и турски јазик.

“Но, ако сте малку пољубопитни и пребарате детално на интернет за Омер Буњаку, кој од 13 ноември годинава е еден од советниците на Груби за млади и спорт, ќе најдете многу повеќе податоци.

Особено кај Албанците, Буњаку е познат како предводник на навивачката група „Шверцери“, истата група чиј основач бил Груби. Има „сочно“ полициско досие и проблеми со законот од 2011 година“, пишува „Призма“.

И биографијата на триесет и петгодишниот тетовец Касапи, кој е син на експратеничката од СДСМ, Ѓумлсере Касапи била многу кратка.

„Во биографијата, ангажманот кај Груби го пишува во идно време: „ќе ја извршува функцијата ‘советник за култура и општество’“.

Касапи, освен што завршил политички науки на Универзитетот ФОН, нема многу допирни точки со политиката. Лани изјавил дека планира да влезе во политиката и да се кандидира за пратеник во Собранието.

Во доставената биографија му пишува и дека „учествувал на повеќе настани поврзани со промовирањето на културата во Република Северна Македонија, но и во регионот“, иако не е напишано за какви настани станува збор.

Освен македонски и албански, говори и англиски и турски јазик“, пишува „Призма“.

Целата сторија ОВДЕ.

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела 143 деца до 9-годишна возраст се заразиле со Ковид-19

Редакција

КОД: Обвинителите на СЈО добивале додатоци за доверливост за кои морале да молчат

Редакција

Убава вест: Оздравени уште 11 пациенти заболени од корона вирусот, вкупната бројка 1.378

Редакција