еМагазин
Image default
Бизнис

Продолжен рокот за поднесување ДДВ-04 пријава

За два дена се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 и новиот краен рок е 27 јануари (петок).

– Со оглед  на ограничените човечки ресурси кај сметководителите и отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци, УЈП ги известува даночните обврзници и сметководителите дека поднесувањето на пријави ДДВ-04 се продолжува за два работни дена согласно Законот за даночна постапка, информира во соопштение Управата за јавни приходи (УЈП).

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата, појаснуваат од УЈП, е 25.01.2023 и се продолжува за два работни дена, односно краен рок ќе се смета 27.01.2023.

Вкупниот број на ДДВ обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ пријава изнесува 39.588. До денеска до 13:30 часот се поднесени 31.640 ДДВ пријави, а бројот на неподнесени ДДВ пријави изнесува 7.948.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дојче веле“: Груевски регистрирал фирма во Унгарија, ќе работи од трговија со порцелан до рекламирање и управување со имот

Редакција

Витаминка со намалена добивка во првото полугодие

Редакција

Крис Колбурн нов генерален директор на САСА

Редакција