еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Велосипедист почина откако во него удри автомобил во Куманово

Седумдесетгодишен жител на кумановското село Режановце утрово им подлегнал на повредите здобиени откако додека возел велосипед во него удрил возач со автомобил кој, првин побегнал од местото на несреќата, а денеска го признал делото, соопшти кумановската полиција.

– Вчера во СВР Куманово било пријавено дека во 14 часот на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово, патничко моторно возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(32) од Куманово, удрило во велосипедистот Ж.Ј.(70) од село Режановце, Кумановско, по што го напуштил местото, соопшти полицијата.

Велосипедистот Ж.Ј. бил пренесен во болницата Куманово, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде во 6 часот утрово починал.

-Денеска, по преземените мерки и активности, од полициски службеници од СВР Куманово бил пронајден возачот С.М. и во службен разговор во полициска станица го признал делото, соопшти полицијата.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ ќе гради фабрика за електрични батерии за автомобили во Кичево

Редакција

И „Еуровиа“ меѓу подизведувачите на „Бехтел и Енка“ за делницата Гостивар – Букојчани

Редакција

Бугар фатен со ножеви пред бугарскиот културен центар во Охрид

Редакција