еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ ќе гради фабрика за електрични батерии за автомобили во Кичево

Во ТИРЗ Кичево следната година стартува инвестицијата на „Avesta Battery and Energy Engineering“ (ABEE) во изградба на фабрика за електрични батерии за автомобили.

Договорот за инвестицијата во вкупна вредност од 40 милиони евра со која ќе бидат отворени 600 работни места, го потпишаа денеска министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, јави известувачот на МИА од Брисел.

Инвестицијата во првата фаза ќе изнесува 10 милиони евра, со вработување на 200 лица. Просечната бруто плата ќе изнесува 1.500 евра. Плановите на инвеститорот се фабриката да биде оперативна во 2025 година.

-Се очекува државната помош што ќе и се даде на компанијата да се врати за четири-пет години само по основ на придонеси, рече Деспотовски.

Како што соопшти министерот Бектеши, за инвестицијата е избрана Општина Кичево затоа што во овој дел има висококвалификуван кадар од ТЕЦ Осломеј, кој ќе се транформира во гасна централа.

Бектеши и Деспотовски се дел од делегацијата што во Брисел ја предводи претседателот на државата Стево Пендаровски, кој денеска заедно со нив ќе присуствува на бизнис форум во Антверпен каде пред белгиски компании ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија. Покрај ова, утре во Брисел ќе се одржи уште еден бизнис форум.

МИА/Фото: Фејсбук/Бектеши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Делегација на СПЦ преводена од патријархот Порфириј во посета на МПЦ-ОА, утре ќе одржат заедничка богослужба

Редакција

Блокирана сметката на „Технометал-Вардар“: Стечај и се заканува на компанијата

Редакција

(Видео) Покачување на сите плати за 78%, 60 часа работа неделно е враќање во 19 век, порачаа синдикатите на денешниот протест

Редакција