еМагазин
Image default
Бизнис

Витаминка со намалена добивка во првото полугодие

Витаминка АД Прилеп за периодот јануари – јуни 2023 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.

-Остварените единечни вкупни приходи во првото полугодие од 2023 година изнесуваат 1,665,100 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2022 година бележат пад од 11,4%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2022 година се помали за 11.4%. Падот на приходите е поради континуираното намалување на цената на сончогледовото масло за јадење.

Остварените единечни вкупни расходи во првото полугодие од 2023 година изнесуваат 1.624,765 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2022 година бележат намалување од 19.3%. Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во првото полугодие од 2023 година.

Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 10.127 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е намалена за 75%. Ова пред се се должи на порастот на поедни групи на трошоци и финансиските расходи, односно зголемувањето на каматните стапки, велат од таму

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Витаминка откупи сопствени акции

На менаџментот на Витаминка лани исплатени 35,1 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По цена од 53 евра за мегаватчас струја ЕСМ ќе ја продава својата струја до крајот на годината

Редакција

Општина Центар не доставила правилни елаборати: ДУП-от кај „Холидеј Ин“ не може да се суспендира

Редакција

Финансиски резултати на Окта: Висока профитабилност во услови на енергетска криза и рекордни меѓународни цени на горивата

Редакција